Славната супермоделка Линда Евангелиста изгледа одлично и на 48-годишна возраст, а за априлскиот број на британски Marie Claire таа откри неколку трикови за младешки изглед и правила за негување, како на пример тоа дека сама ги средува ноктите, колку е важно редовно да го чистите лицето и дека конзумира пробиотици, магнезиум и билни масла.
1.Нè е се во скапата козметика
Зависник сум од производите за убавина. Користам сè, од хајтек препарати, па до органска козметика. Дури и дома имам мала CACI машина за козметички третмани. Како модел научив дека чистењето на лицето е најважен чекор во негата на лицето, а во моментов користам марамчиња за чистење од Boots (британски ланец на парфимерии со производи со поволни цени). Ги сакам и лосионите за чистeње на Eve Lom и Biodermа.
2. Ноктите секогаш треба да бидат уредни
Кога имав 12 години почнав сама да ги маникирам ноктите. Отсекогаш сум била женствена девојка и со годините научив како сама да ги средувам, станав мајстор за гел и акрил. Прилично сум добра во тоа.
3.Нашминкајте се правилно за фотографирање
Може да изгледате прекрасно и сепак на фотографија да испаднете доста лошо. Трикот е во мат кожа која ја постигнувам со малку минерална пудра во прав.
4.Кога ќе претерате со храна, направете здрав шејк
Сите имаме денови кога се чувствуваме дебели. Кога ќе претерам со „забранета храна“, се трудам тоа да го надохнадам со здрав шејк и со додатоци како што се пробиотик, магнезиум и рибино масло.
5.Не е важно колку старо изгледате, сè додека изгледате најдобро што можете
Најважна работа ми е грижата за себе, бидејќи имам намера да живеам со „полни гради“. Обожавам да планинарам за време на топлите денови, а скијам во зимските. Во Њујорк вежбам јога, а имам и свој тренер кој ми доаѓа дома со кого работам кардио вежби, бокс и дигам тегови.
Нема коментари