Летната сезона започна и поголем дел од времето го поминуваме на отворено или на нашите балкони. Ова е вистинско време за уредување на надворешниот дел од домот, почнувајќи од балконот. Ако живеете во зграда, многу е веројатно вашиот бакон да е со мала квадратура, но тоа не значи дека тој мал простор не треба го организирате и декорирате така што ќе добиете убав и функционален надворешен дел за уживање. Еве неколку совети што ќе направат малиот балкон да изгледа попростран.
Дајте предност на земјените бои
Боите се сметаат за „клуч“ при дизајнирање на просторот, без разлика дали станува збор за ентериерот или екстериерот. Во случај на мал балкон, топлите, светли опции се она што ви треба. Дајте предност на белата боја како основа, а потоа додадете детали во земјени тонови, како што се беж и светло кафена.
Не ја блокирајте природната светлина
Ова се случува често, а резултатот никогаш не е тој што го сакате: премногу ги покривате местата каде што се поставени оградите, па не дозволувате природната светлина да си ја заврши својата работа. Затоа, избегнувајте ја оваа тактика и доколку сакате да се заштитите од силното сонце, подобро „затворете го“ местото со некое растение, за резултатот да биде поприроден.
Избегнувајте го претераното декорирање
Еве уште една грешка! За да изгледа просторот помодерен и импресивен, додавате многу елементи и украси, но прекумерното декорирање не го прави вашиот балкон да изгледа помал. Дајте предност на минималистичката декорација – малку мебел, неколку растенија, малку украси, вака просторот ќе биде функционален и доста релаксирачки.
Вертикални градини и ползавци
Како што знаете, ползавците како бршленот или јасминот, му даваат дополнителна димензија на просторот, и не бараат голем простор. Ако сакате растенија на балконот, други опција е висока тесна полица на која ќе ги наредиите саксиите со цвеќиња и ќе креирате вертикална градина.
Други идеи
Клупа за седење со простор за складирање под седалото, тесен шанк покрај оградата или масичка на расклопување, висечка столица наместо гарнитура за седење… се само дел од советите за мали балкони.
Нема коментари