Не може да имате сè – смета Џена Лајонс, извршна и креативна директорка на J. Crew, жената која што успеа да го ревитализира овој американски бренд, и има кредибилитет и право да дели совети од својата долгогодишна кариера во модната индустрија. Таа ги поминала сите позиции од најниската до врвот и со причина се смета за една од најмоќните во модата. Осврнувајќи се на богатата кариера и искуство, Џена на младите им порачува дека грешките се дел од животот од кои треба да се учи.
-Младите треба да бидат свесни дека ништо не се случува преку ноќ. Не можете да имате сè одеднаш. Не може да дојдете на работа после факултет и веднаш да станете ѕвезда. Тоа не е реално. Покрај тоа, училиштето не ве учи на најважните работи – како да ги градите меѓучовечките односи и да управувате со луѓето – вели таа.
Лајонс порачува младите дизајнери да научат да бидат тимски играчи и да не се многу агресивни и немилосрдни при градењето на кариерата.
-Секогаш напредуваат оние што се покажале како незаменливи. Но, дури и тогаш, не сакам кога доаѓаат и ми бараат повисока плата. Сакам да слушнам некој да ми каже „Подготвен сум за нешто повеќе, можам ли да превземам некоја поодговорна или потешка работа“. Иницијативата и проактивноста секогаш се наградуваат – порачува Џена која порачува заинтересираните дизајнери да не ѝпраќаат и-мејлови со свое CV, претпочита сатара школа на професионализам и аплицирање преку писмо со свое портфолио.
Нема коментари