Пролетната сезона носи нови модни соработки, оваа на италијанскиот бренд Weekend Max Mara и на брендот на култните патики Superga од денес може да се најде и во скопскиот бутик на Weekend Max Mara во „Рамстор мол“. Една од линиите на Max Mara препознатлива по женскиот спортски шик и елегантен стил, во соработка со Superga претставува два модели на патики во природна, светло беж боја и во темноплава и беж боја, со различни врвки, а кои се дополнети со мала пеперутка, која го симболизира брендот Weekend Max Mara.
Патиките Weekend Max Mara x Superga одлично одговараат на лежерни, но елегантни комбинации од фармерки, класични кошули и интересни сакоа, спојувајќи ја естетикаа на двата познати италијански бренда.
Нема коментари