Oние што ја следат модната блогерка Кјара Ферањи од The Blonde Salad знаат дека таа ја сака модата, многу патува, и апсолутно ги обожава макаронските на култната француската слаткарница Ladurée. Затоа не нè изненадува соработката меѓу италијанската блогерка и брендот на лусксузни слатки кое резултираше со лимитирана „слатка колекција“ на макаронси.
Кјара во соработка со Ladurée ќе лансира луксузна кутија во светло сина боја со цртежи на макаронси и со карактеристичниот мотив на око, која ќе содржи шест розови макаронси со вкус на ванила и јагода. Кутијата слатки прво ќе биде достапна во њујоршката слаткарница на Ladurée, во периодот кога ќе стартува претстојната Њујошка модна недела, а потоа ќе се продава и на светскиот пазар.
Идејата на Ladurée е да се допре до новата генерација, онаа која ја следи работата на најуспешната блогерка Ферањи. Брендот Ladurée претходно има соработувано со „Пучи“, „Ланвин“ и Мари-Елен де Тајак.
Рецепт за макаронс на обој ЛИНК.
Нема коментари