Кога ќе се спојат двајца со слични сензибилитети, како во случајот со соработката на меѓу пејачката Флоренс Велч од бендот Florence and the Machine и Алесандро Микеле од „Гучи“, настануваат убави работи. Флоренс и Микеле најново соработуваат на новата линија на екстравагантен накит и часовници со потпис на „Гучи“, дизајни кои пак се спој на барок и рокенрол. Флоренс во изминатиот период редовно носи креации од „Гучи“ и како муза на дизајнерот Микеле е инспирација за токму на навата колекција на накит што музичарката ги промовира во кампања. Флоренс се појавува и во фотосесија за новиот број на Harper’s Bazaar во која носи креации од колекцијата на брендот за есен-зима 2016/1, како и новите парчиња накит.
Флоренс дизајнерот Микеле го опишува како сродна душа, вели дека се препознале во сличните, драматични сензибилитети. „Ја сакам романтиката во она што Алесандро го работи. Како и јас, сака да ги прави работите уште поубави, но со одредени вознемирувачки елементи. Женственост, но на ивицата. Неговите дизајни имаат мотиви на змии, тигрови и раскрвавени срца, што е сензибилитет на барокот“ изјави пејачката за Harper’s Bazaar. Новата „Гучи“ колекција на накит содржи парчиња од жолто злато украсени со шарени скапоцени камења и инсирирани од флора и фауна, впечатливи коктел прстени со тигрова глава и обетки со глава на лав.
Нема коментари