Најбогатиот човек на светот живее од мода. Амансио Ортега Гаона, сопственикот на популарниот модне бренд Zara, викендов на кратко го симна Бил Гејтс од тронот по богатство. Благодарение на зголемената цена на акциите на неговата компанија, Ортега стана најбогатиот човек во светот, а неговoто богатство Forbes ја проценува на 80 милијарди долари. Покрај Zaraтекстилната команија Industria de Diseño Textil (Inditex) ги содржи и брендовите Pull&Bear, Massimo Dutti, Bershka, Stradivarius, Zara Home, Oysho и Uterqüe, кои се базираат на концептот на брза мода и некои од нив се присутни и на македонскиот пазар. Само брендот Zara продуцира годишно околу 12.000 дизајни, а по првата подавница отворена во 1975 година во шпанскиот град Коруња, денес има преку 2.000 продавници во 88 држави.
Нема коментари