Словенечката дизајнерка Лара Бохинц со години гради успешна кариера во Лондон и важи за светски популарна креаторка на накит, но сега го прошири својот креативен свет со дизајнирање на кинетичка клуб масичка наречена „Соларис“. Направена од метал и мермер, масичката е составена од четири дискови кои ротираат и создааат скулпурална клуб масичка. Вака трансформираната маса ни дава илузија на ротација на планетите околу Сонцето. Инспирацијата за дизајнот Бохинц ја најде во движењето на планететите во нашиот соларен систем, тема што се среќава и во нејзините колекции на накит.
Лара Бохинц на моделот на маса работеше во соработка со лондонската компанија Lapicida која е специјалист за природни камења, а проектот се роди на иницијатива на познатиот магазин Wallpaper, како дел од нивната изложба во рамките на саемот за мебел во Милано. Во изработката учествуваа 12 мајстори од Lapicida кои заедно со дизајнерката направија лимитирана серија од 10 маси. Цената на новиот дизајн на Бохинц е исто така астрономска како и темата, па едно парче чини од 24.000 фунти, па нагоре. Мермерот кој е користен во масите припаѓа на највисоката категорија, а низ него се забележуваат златни жили.
Нема коментари