Помладата сестра на Бијонсе, Соланж Ноулс, дизајнира патики за „Пума“. Моделите со потпис на пејачката се олицетворение на нејзиниот личен стил, вибрантни, колоритни, динамични и колоритни. Дизајните се свежи и младешки, потсетуваат на будењето на природата во престојните пролет и лето, за кога се наменети патиките. Колекцијата наречена Girls of Blaze содржи инспирација од 80-тите години и раните 90-ти, период од кој очигледно е фасцинирана Соналж, и која често го рециклира во своите спотови и песни. Техноколор фотосесијата, со неколку девојки кои наликуваат на младата музичарка, е снимена во Њу Орлеанс.
Нема коментари