Актерката Софија Вергара вчера се венча со колегата Џо Манганиело облечена во фустан од Зухаир Мурад направена специјално за неа. Сексапилната Колумбијка постојано постираше фотографии од фустанот и од веселбата на својот профил на „Инстаграм“, што овозможи да добиеме претстава за раскошната веселба што се одржа во Палм Бич, Флорида.
Венчаницата на Вергара е со корсетиран горен и волуменизиран долен дел, со богат вез и од подебела ткаенина како совршен избор за зимска свадба. Креацијата е секси и традиционална, што сосема одговара на стилот и сензибилитетот на актерката.
Нема коментари