Актерката и ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ Софија Вергара е препознатлива по фустани во јаки бои кои го нагласуваат нејзиниот сексапил, усни обоени со црвен кармин и голема натапирана фризура, но на фотографиите на онлајн-магазинот The Edit е сосема поинаква – со смирена шминка, во мнималистички модни парчиња и со рамна коса. Колумбијката ja фотографираше Себастијан Ким, а таа носи креации од Александар Ванг, Ролан Муре, Дона Каран, Мајкл Корс и Викторија Бекам во црна и во бела боја. Во интервјуто за The Edit таа откри многу работи – дека размислува за идејата за второ дете, за својот изглед и за приватниот живот, како и за критиките од модната фела дека на црвениот килим секогаш изгледа исто. „Ама јас го познавам моето тело, особено градите, кои изгледаат како на стриптизета. Токму затоа што се вистински, секогаш ми треба фустан со структура како оклоп. Толку работи се случуваат под фустанот, што крварам после секоја церемонија“ вели таа и нагласува дека разлислува да ги намали градите за да не изфледа како стара стриптизета.
Нема коментари