Една од најиновативните дизајнерки на чевли, Софија Вебстер, соработува со урбаниот моден бренд J.Crew на нова колекција. За пролет-лето 2014 таа креира шарени чевли што маѓепсуваат на прв поглед. Моделите, кои се на високи потпетици, се со различен дизајн, има со ремени, со отвори кај прстите, со шпиц, како и сандали. Британската креаторка изјави дека креациите иако се разиграни и шарени, сепак се со форма која е соодветна за во канцеларија и за бизнис-изглед.
Нема коментари