Февруарскиот број на италијански Vogue на насловната страница ја стави режисерката Софија Копола. Она што не му успева на американскиот Vogue, да избере вистински личности на корицата (со исклучок на Лина Денам и неколку други ликови), го надополнуваат другите изданија на модната библија. Италијанското издание на пример, секогаш има тематска насловна, сака да ги крши правилата на модната индустрија и првата страница им ја отстапува и на моделите со облини, прави фантастични групни фотографии, а често третира личности и од светот на музиката, филмот, уметноста. Таков е случајот и со новиот број, од чија насловница мистериозно нè гледа харизматичната Софија Копола. Фотографијата е на Стивен Мајзел, човекот задолжен за насловните на италијански Vogue во последниве 20-тина години, во внатрешниот дел има и моден едиторијал во кој режисерката носи проелетни креации од најзначајните брендови, како „Шанел“, “Баленсијага“, Долче и Габана, „Ланвин“, а кои што се селектирани од стилистот Карл Темпер.
Нема коментари