Црвенокосата Софи Тарнер, позната по улогата на Санса Старк од хит-серијата „Игра на тронови“, е ново лице на британскиот бренд Karen Millen. Таа позира на покрив од зграда во Источен Лондон, со креациите од есенската линија на етикетата. Моделите се шик, урбани, младешки, со елегантна, но и кежуал нишка. Застапени се фармерки, кожена јакна, кошули со принт, бунда, блејзер со цветна шара и темносина чанта. Нијансите се есенски, со неколку тонови на кафена, темноцрвена, темносина и црна. Стајлингот го направи Кети Ингланд.
Нема коментари