Британската пејачка Софи Елис-Бекстор ги носи новите цветни фустани од колекцијата пролет-лето 2015 на брендот Phase Eight. Фотографиите се снимени во винтиџ амбиент, со носталгична нота, какви што се и креациите на Phase Eight. Станува збор за цветни модели скроени во стилот на 50-тите години. Пејачката со својата нежна појава само се надополнува во романтичната приказна. Фустаните имаат примена во секојдневниот имиџ, а може одлично да прилегаат за претстојните матури и сведбени свечености.
Нема коментари