Стотина уметници и дизајнери дадоа свој удел во помошта на настраданите од поплавите и донираа свои дела кои вчера се продаваа на хуманираната изложба во скопското кафуле „Концепт 37“. Изложбата беше одлично посетена, а при крајот на вечерта испразнетите места на ѕидовите сведочеа дека хуманитарната акција е успешна. Се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации, а како што подоцна на фејсбук објави Владимир Лукаш, еден од учесниците на изложбата, донирани се вкупно 178.425 денари, 2925 евра.
Продажбата на уметничките и дизајнерските дела продолжува и денес во „Концепт 37“. Повеќе информации на овој ЛИНК.
Нема коментари