Откачени, виолетови, малку невозможни – тоа се вонземјаните од расата Був кои на 26 март доаѓаат на Земјата да најдат нов дом и да ве поведат во неверојатна авантура. MCF MKD и „Просветно дело“ ги повикуваат најмладите да ја испратат најубавата фотографија од своето одделение во знакот на виолетовата боја на и-мејл адресата: prodelo@t-home.mk најдоцна до 23 март. Со ова може да освојат специјална проекција на филмот „Дома“ за целото одделение.
-Фотографијата од тебе и твоето одделение на креативен и духовит начин треба да ве претстави во знакот на виолетовата боја – може да се облечете во виолетово, да имате интересен виолетов детал или пак, да ја украсите училницата во виолетово. Фотографијата треба да се реализира под надзор на одговорен наставник, а со согласност на родителите. Фотографијата да се прати со контакт телефон на одговорниот наставник. Авторите на најкреативната фотографија од тимот на MCF MKD ќе добијат влезници за проекцијата на филмот „Дома“ за целото одделение и подароци од „Просветно дело“- велат од MCF MKD .
Во филмот „Дома“ ја запознаваме оптимистичната и по малку неспособна вонземјанска раса Був меѓу која особено се истакнува темпераментниот виолетов Оу. Откако неговата раса ќе најде безбеден дом на Земјата, тој ќе расипе сè и ќе предизвика вистинска глобална катастрофа. Но, во сето тоа нема да биде сам. Напуштен од своите, ќе пронајде нови пријатели – девојчето Тип и нејзината мачка со кои ќе тргне на пат околу светот во надеж дека ќе ја поправи ситуацијата.
Нема коментари