Stylist.mk и MCF MKD ве носат на премиерата на филмот „Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот“ на 27 декември (сабота) во киното „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. Тројцата најбрзи читатели што во inbox на нашата страница на „Фејсбук“ или со коментар под текстот на нашиот сајт, ќе напишат барем двајца актери што играат во филмот ќе добијат по две влезници за премиерата. Можете да изберете една од проекциите во 11.20 , 13.30, 15.30, 17.30, 19.30, 21.30 во Сала 4 Комерцијална банка во „Синеплекс“. Вашите одговори ги очекуваме денeс и утре (петок).
Американската комедија „Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот”, во режија на Шон Леви, одушевува со зачудувачките визуелни ефекти и оваа зима носи многу забава во домашните кина. Третото продолжение на приказната за музејскиот чувар Лери го сочинуваат мноштво авантуристички пресврти и акции во кои актерите се обидуваат да ја спасат магијата пред таа да исчезне засекогаш. „Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот“ е продолжение на филмот од 2009 г. „Ноќ во музејот 2: Битката за Смитсонијан“, а првиот дел е снимен уште во 2006 г.
Во Американскиот природно-научен музеј доаѓа до страшни збрки и гужви. Ноќниот чувар Лери открива дека древната магична табла на фараонот Амон-Ра, благодарение на која неговите пријатели од музејот оживуваат, кородирала. Доколку не пронајде начин да ја поправи, сите ликови во музејот, почнувајќи од лавовите, мајмунот, слоновите, па сè до Кристофер Колумбо, минијатурниот каубој Џедедаја и неговиот подеднакво мал пријател генералот, ќе се вратат во нивната нежива состојба во која претставуваат само обични восочни фигури во музејот. Спојувајќи нови и веќе познати лица, Лери тргнува на пат во британската претстолнина со одговорна задача и мисија да ја сочува магијата пред да биде доцна.
„Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот“ поради специјалните ефекти се најде на списокот на американската Академија за филмска уметност и големи се шансите токму филмот на Леви да се најде меѓу петте номинирани филмови на 15 јануари следната година.
2 Коментари
Ben Stiller и Carla Gugino :))
Робин Вилијамс и Бен Стилер