Тројцата читатели на Stylist.mk ќе добијат можност утре (сабота) со своите партнери да го погледнат оскаровецот „Човекот-птица“ во киното „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. Stylist.mk во соработка со MCF MKD ве носат на проекција на црната комедија на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инјариту, кој триумфира на годинашното издание на „Оскар“. Најбрзите тројца читатели што во inbox на нашата страница на „Фејсбук“ или со коментар под текстот на нашиот сајт, ќе напишат барем две категории во кои „Човекот-птица“ освои „oскар“ ќе добијат по две влезници за една од проекциите утре (сабота, 7 март). Можете да изберете една од проекциите во 15.15, 17.45, 20.15 22.40 во Сала 1. Вашите одговори ги очекуваме во текот на денот.
„Човек-птица“, во кој главната улога ја игра Мајкл Китон, на овогодинашното доделување на „Оскари“ освои четири златни статуетки. Китон игра остарен актер кој се обидува да си ја врати славата и да ја постави претставата на Бродвеј „За што зборуваме кога зборуваме за љубовта“, заснована на збирката раскази од американскиот писател Рејмонд Карвер. Прогонуван е од ликот на суперхеројот „Човек-птица“ што го направил популарен на почетокот од кариерата. Во деновите и во ноќите пред премиерата тој продолжува да се бори со своето его и се обидува да го врати своето семејството, кариерата и самиот себе. Не е случајно тоа што главната улога ја толкува токму Китон, чијашто кариера, исто така, е одбележана со улогата на суперхеројот Бетмен, а кој во последниве години немаше некои значајни остварувања. Освен Китон, Инјариту собра исклучителна актерска екипа – Едвард Нортон, Зак Галијафијанакис, Ема Стоун и Наоми Вотс.
Филмот „Човек-птица“ претставува извонреден пресврт во кариерата на Инјариту, не само затоа што тој во овој проект се јавува како режисер на својата прва комедија, туку и зашто филмот е еден вид технички предизвик, бидејќи е составен од многу долги кадри кои се беспрекорно измонтирани за да се добие впечатокот дека целиот филм е еден непрекинат кадар. Се разбира, овој подвиг би бил невоможен без директорот на фотографија, одличниот Емануел Лубецки, заслужен за филмовите како „Заспаната долина” на Тим Бартон, „Дрвото на животот“ на Теренс Малик и „Гравитација“ на Алфонсо Куарон. Мексиканскиот режисер својата слава и углед ги стекна благодарение на филмовите од т.н. трилогија на смртта: „Amorres peros“, „21 grams“, „Babel“, како и филмот „Biutiful“.
1 коментар
film, rezija