Меко + топло + бело е стилското равенство на оваа зима, што можеше да се види на пистата на „Барбери“, Стела Макартни, „ Фенди“ и Џамбатиста Вали, а потоа тенденцијата се пренесе на уличната мода и во стилот на модните уреднички и на блогерките. Снежно белата и кремасто белата се нетипични тонови за зима, но има некој чуден контраст и ведрина што овој тренд го носи во вообиичаено тмурните зимски денови. Понекогаш се комбинираат бели модни парчиња со неколку детали во боја, но најинтересни се модните споеви во бело од глава до петици. Зимата е период кога носиме потопла и плетена облека, што значи на белата комбинација може да ѝ додадеме текстура за уште посовремен изглед. Бел капут, бела волуменозна ролка, бели широки панталони, бел шал, бела чанта… време е за непредвидливи зимски комбинации составени од комплетно бели парчиња.
Нема коментари