Зимската атмосфера и снежните предели на планината Пелистер дизајнерката Тања Кларис ја искористи за новата фотосесија Into The Snow со која најавува нова колекција. Неколку венчални фустани и свечени тоалети во кои доминира тантела и раскошен вез носи манекенката Елена Анѓеловска на фотографиите кои ги потпишува Петар Тасевски од Zaga Production. Шминката и фризурата се на Зоран Шурбевски. За време на создавањето на фотосесијата на „Кларис“ снимено е видео за кое беа задолжени Бојан и Далибор Митковски.
INTO THE SNOW – CLARIS from Bojan Mitkovski on Vimeo.
Нема коментари