Пред почетокот на овосезонското издание на Моден викенд-Скопје да фрлиме прв поглед во концепот на дел од колекциите на македонските дизајнери. На модна ревија на 3 ноември ќе се претстави и Олгица Ѓоргиева, која што после минатата колекција инспирирана од јапонските гејши и реализирана во минималистички манир, со минимализмот продолжува и во новата колекција именувана „Мостови“.
Локација и време: Во хотелот „Мериот“ во Скопје, на 3 ноември, во 21.30 часот
Новата колекција е именувана: „Мостови“
Инспирација за колекцијата: Основното значење на мостовите – поврзување, пренесено во сите можни животни ситуации и колку е големо нивното постоење од секој можен аспект
Клучни зборови за колекцијата: Нијанси на зелена, црна, темнотегет, бела и на моменти црвена во однос на боите. Од материјали има кадифе, штоф, волна, жоржети. Силуетата е чиста, минималистичка, а парчињата многу носливи
Концепт на ревијата: Минималистичка, како и целата колекција
Нема коментари