Коко Шанел, Вера Ванг и Карл Лагефрелд биле инспирација за малата продавница Blend & Press, сместена во Ковент Гарден, да создаде мини линија на смути. Здравите миксани напитоци од зеленчук и овошје добиле инетересни називи според состојките што ги содржат, па така има избор од Какао Шанел, Алое Вера Ванг и Кељ Лагерфелд. Овие смути, спакувани во специјално дизајнирани шишенца, беа хит меѓу блогерите, модните уредници, креаторите и моделите за време на Модната недела во Лондон.
Какао Шанел содржи бадемово млеко, сиров кокос, какао, цимет, банана и коноп во прав. Овој сладок и завоволувачки пијалак е исто така познат како Енергетско смути . Содржи природен протеин и ендорфин, ги поттикнува позитивните мисли и го намалува гладот.
Алое Вера Ванг е микс од цвекло, морков, јаболко, лимон, нане и алое вера. Познат е како Џус за опоравување. Ова е студено цеден сок е наменета за подобрување на издржливоста и побрзо ревитализирање од напорните деновиза време на модните недели.
Кељ Лагерфелд е направен од спанаќ, краставица, марула, кељ, магдонос, ѓумбир и лимон . Исто така е познат како Хардкор сок, преполн со хлорофил за детоксикација и стимуланс. Тоа е чист зелена добротвор, исполнета со хранливи материи и минерали за да ве одржи на нозеи да блескате.
Нема коментари