Поченете го секое утро со енергетски блендирани оброци од зеленчук и овошје, збогатени со здрави состојки како ѓумбир и семки, со кои ќе ја задоволите оптималната доза на витамини и минерали. Во следниве денови ќе ви предложиме повеќе рецепти за смуди, почнуваме со еден течен оброк за супер енергија. Потребни ви се:
- 120 гр чиа семки
- 40 гр суво грозје
- 40 гр суви смокви
- 700 мл кокосово или млеко од соја
- 10 гр мед
Потопете ги чиа семките во млекото и потоа измешајте го медот и ситно сецканото овошје, оставете неколку минути да отстои и ќе добиете оброк за доручек или ужина.
Нема коментари