Овој напиток на база на спанаќ и ѓумбир е одличен ако сакате да го ослободите организмот од насобраните отрови, a истовремено позитивно делува на вашата линија.
Состојки:
- 2 јаболки или крушки
- 1 излупено авокадо
- 2 шолји свеж спанаќ
- 2 лажички рендан ѓумбир
- 2,5 литри вода
- 1 лажичка цеден лимонов сок
- неколку листови нане
Подготовка:
Сите состојки се мешаат во блендер, а готовиот напиток се чува во фрижидер и се конзумира неколку пати во денот. Напитоткот содржи повеќе хранливи материи, влакна, витамини и минерали, го подобрува варењето и овозможува чувство на ситост.
Нема коментари