Банана и боровинки во спој со сок од ананас и ѓумбир е добитната комбинација за утрински енергетски напиток со кој ќе се освежите и на вистински начин ќе го почнете денот. Еве што ви е потребно за да подготвите три чаши од ова овошно смуди:
- 1 банана
- 2 дл сок од ананас
- 170 гр боровинки
- 170 гр малини или капини
- 2 лажици мед
- 1 лажица рендан свеж ѓумбир
- Мраз
Состојките ставете ги во блендер и миксајте додека не добиете кашеста смеса. Може да додадете чиа семки и неколку листови свежо нане.
Нема коментари