Смуди од цвекло, цреши и малини
Ако често се чувствувате малаксано и ви треба доза на енергија, вклучете го овој напиток во вашата диета за да ви помогне да се опоравите. Недостатокот на енергија често е резултат на слабокрвност (анемија) што можете да ја победите со помош на цвекло, моќна намирница и главната состојка која ова смуди го прави вистинска енергетска бомба.
Не плашете се од земјениот вкус на свежото цвекло, што на многумина не им се допаѓа, бидејќи ќе биде маскиран од други состојки што се дел од напитокот. Сочните цреши, малините, слатката банана и лимонот ќе се погрижат за финиот вкус на смудитошто ќе го врати вашето тело во топ форма.
СОСТОЈКИ ЗА 2 ЛИЦА:
- Половина банана
- 1 свежо цвекло
- 1 грст цреши
- 1 грст малини
- 1 мал морков
- сок од половина лимон
- 2 дцл ладна вода
ПОДГОТОВКА НА ПИЈАКОТ:
Во блендер или „нутрибулет“ ставете исечена банана, додадете го измиеното цвекло (исечено на помали коцки), измиените малини, црешите без коски, морковите исечени на помали парчиња, лимонот и водата. Измешајте сè добро додека не добиете хомоген пијалок. Ако сакате да го оладите дополнително, додадете неколку коцки мраз. Пијте додека е свежо.
Нема коментари