Ако мислите дека еднособен стан претставува мал простор кој не може да ги понуди сите удобности на современото живеење, погледнете ја оваа симпатична гарсоњера од 42 метри квадратни во Гетеборг, Шведска. Со поглед на реката и пристаништето, овој дом нуди смиреност и благостојба. Станот е мудро организиран, иако само една просторија служи како кујна, трпезарија, спална и дневна соба. Кога ќе влезете, ќе забележите дека големото претстобје е искористено како работно катче. Потоа влегувате во големата соба, во која е отсранет ѕидот помеѓу дневната и кујната за да се создаде отвореност во просторот. Делот за спиење е голем кревет кренат на висока платформа која во долниот дел служи како место за чување облека и постелнина, а кој визуелно е одделен од дневната соба со завеса. Уживајте и во оваа доза на шведска инспирација.
Нема коментари