Една од најуспешните и најталентираните шминкерки во модната индустрија Пет Меграт работеше на последната ревија на машката колекција за парискиот бренд „Живанши“, но и иако се работи за машка мода, дизајнерот Рикардо Тиши прикажа и неколку женски креации кои ги носеа неколку манекенки нашминкани и со необични маски на лицата. Осум часа Мекграт ги подготвуваше Дуцен, Ажак и другите манекенки, но и неколкуте машки манекени чии лица беа прекриени со светки.
Меграт е позната по експеривната шминка и експериментирањето со бои и стилови, што најдобро можеше да се види низ повеќегодината соработка со Џон Галијано на неговите и на ревиите за „Диор“. Британката Пет е повеќе од две децени на интернационалната модна сцена, редовно работи на големите модни недели, за врвни рекламни кампањи и модни списанија, а за својата работа има добиено и признание од британската кралица Елизабета II. Од 2004 година е глобален козметички креативен директор на Procter&Gamble, компанија која е задолжена за работата на „Макс Фактор“, Cover Girl и SK-II.
Нема коментари