Темата на овогодинешната модна изложба во Метрополитен музејот во Њујорк, Manus x Machina и тоа како технологијата влијае на модниот свет и на убавината, беше показател за шминката и фризурата што познатите ја избраа на гала настанот што се одржа во понеделникот. Ако во модата се комбинираат машините и рачната зработка, машините сè ште не ги замениле шминкерите и фризерите кои работеа на изгледот на познатите манекенки, музичари, актери и личности од модата на црвениот килим на Мет Гала. Некои комбинации на шминка, фризура и маникир беа директно инспирирани од темата, како сребрената сенка за очи на Кристен Стјуарт, маникирот и роботскиот украс за рака на Џиџи Хадид и металик косата на пејачката Сиера. На црвениот килим доминираа и платинести коси, драматично-готски темно обоени усни, разбушавени боб-фризури, сребрени и златни сенки за очи и необични скулптурирани фризури со металик шари на патецот.
Некои од бјути решенијата инспирани токму од темата лесно можеа да се пропуштат доколку не се сконцентрирате – на пример Лили Колинс имаше бела линија на средина на лицето за да се создаде изглед на „етеричен робот“, Рита Ора имаше металик парчиња во косата, Вилоу Смит сребрени точки под очите, а Фрида Пинто скоро незабележливи златни линии под веѓите. Невообичаен изглед одбраа Лупита Нионго, Кети Пери и FKA twigs.
Нема коментари