Линијата на шминка што Лојд Симондс ја создава за брендот „Ив Сен Лоран“ ја воведе и летната колекција на живи бои инспирирана од керамиката celadon, градината Мажорел во Мароко и синилото од Цикладските острови. Оттаму изборот на бои – нијанси на сина, интензивно портокалова и циклама-виолетова, кои создаваат модерен контраст со нежните беж и окер тонови наменети за шминкање на очите. Според предлогот на YSL, усните ова лето треба да бидат обоени во јако портокалова или боја на циклама, во слични тонови треба бидат и образите, а за ноктите ја препорачуваат новата нијанска на лак наречена N50 Bleu Céladon.
Нема коментари