Козметичкиот бренд на познатиот шминкер Франсоа Нарс ја претставува новата одушевувачка колекција на шминка за есен 2014 наречена Night Caller, која содржи драматична палета на бои која што се базира на вилетови и темно сини тонови. Нарс за следната сезона предлага сенки за очи со сјајна боја на аметист и кварц, темен молив за очи збогатен со златни, виолетови, зелени и бисерни тонови кои обезбедуваат интригантна длабочина на очите, потоа топли црвени нијанси за усните и образи омекнати со нежно розово руменило. Рекламната кампања за новата колекција на шминка е во стилот на 70-тите години, а фотографиите ги направи самиот Франсоа Нарс.
Нема коментари