Акта соработка меѓу американскиот бренд Banana Republic и финскиот дизајнерски колектив Marimekko резултира со ограничена серија на креации во кои се спојуваат класичната силуета на првиот бренд со карактеристичните шари на вториот. Тимот на Banana Republic заедно со дизајнерите на Marimekko избраа 5 главни принта со кои создадоа колекција од 27 различни парчиња што содржи лелеави макси фустани, едноставни туники и заводливи здолништа со шари и бои кои ќе ви го разведрат денот.
Нема коментари