Модното внимание можеби е повеќе насочено на црениот килим на „Оскарите“, ама стилското шоу продолжува на постоскаровските забави, од кои наjпозната е онаа во органзиација на магазинот Vanity Fair. Голем број ѕвезди се појавија на најпознатиот жур за да се забавуваат во долгата оскаровската ноќ, а нивниот моден избор беше посмел и попровокативен во однос на изгледите од доделувањето на филмските награди, со доза на екстраваганција и секси гламур. Ова можеше да се огледа во сексапилниот изглед на Тејлор Свифт во модел на Алксандар Вотие, бохо ретро фустанот на Џесика Алба од Роберто Кавали , фустанот од тантела и реси на Наим Кан што Дајан Кругер го носеше, гламурозната појава на Хелена Кристенсен или секси варијантата на Џенифер Лоренс во здолниште со шлиц и краток горен дел од Александар Ванг.
Нема коментари