Четврта сезона по ред Алесандро Микеле претставува шарена, слаткаста и повеќеслојна колекција за модната куќа „Гучи“, и последната колекција за есен-зима 2016/17 е како да отвората бонбониера со многу слатки изненадувања за модните сладокусци. Романтични карнери, принтови од 60-тите, нагласени раменици, granny chic, брокат, Кина и ренесанската како инспирации, кошули со панделка и марами во секакви бои од жар црвена со шербет тонови се клучните моменти во новата визија на Микеле. Комбинациите се дополнети со „мери џејн“ чевли со плаформа, мини тренд на чорапи и чевли и чанти со графити. Сето ова модно шаренило Микеле го нарекува „Ренесанса во диското Студио 54“.
Нема коментари