Откако во септември годинава компанијата Sony ги претстави новите слушалки h.ear кои доаѓаат во неколку нтензивни бои, тие многу брзо станаа новиот омилен моден додаток. Покрај слушалките, Sony го претстави и новиот модел на Walkman, но најголемо внмание привлекува моделот слушалки h.ear on, крупни, впечатливи, естетски привлечни и во јаки бои како цинобер црвена, виридијан сина, интензивно жолта, пурпурно виолетова или јаглен-црна. Дизајнирани се по принципот „еден облик, една боја“, односно сите компоненти се направени во иста боја, имаат скоро невидливи споеви, а покрај шик дизајнот овозможуваат врвно искуство на слушање на најфините нијанси на секој тон. Благодарение на репропукцијата на звукот во висока резолуција ќе го слушнете секој инструмент и вокал онака како што авторот го замислил во студио.
Нема коментари