По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн ‘Slowscapes’ ќе се одржи во културно-социјалниот простор „Центар- Јадро“, на улица „Алберт Ајнштајн“ 2 во Дебар маало, Скопје. Шоурумот ќе биде отворен на 29 септември до 3 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.
Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашта средина и подобра иднина. Спортиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.
На четвртото издание на ‘Slowscapes’ учествуваат „Лудус“, Марта Пејоска, „Волатајл“, Армма, Ксенија Котев, Нина Нине и „Кактус“.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и КСП „Центар- Јадро“.
Заради Ваша безбедност изложбата ќе се оддржи според актуелните протоколи за заштита од Ковид 19. Влезот ќе биде дозволен за лица што поседуваат цертификат за имунизација против САРС КОВ-2 или прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Во галеријата е дозволено пристуство на вкупно 12 лица.
Нема коментари