Вообичаено наменет за пролетно-летни стајлинзи, бидејќи е тенок и со тенки бретели, свиленкастиот слип-фустан може да се носи и во есенскиот период доколку се комбинира со потопла облека. Овие фустани со изглед на ноќница, спојуваат женственост, сексапил и комфор, и се повторно во мода како навраќање на модата од 90-тите. Еве како да ги носиме во студените месеци – со дебел џемпер, плетен кардиган, под предимензионирано сако, врз ролка и со топли чизми.
Нема коментари