Според повеќе извори дизајнерот Хеди Слиман сепак ќе си оди од функцијата креативен директор во модната куќа „Сен Лоран“. Новата информација следи по минатонеделните шпекулации и текстот во Daily Front Row за заминувањето на дизајнерот од куќата основана од Ив Сен Лоран, по што следеше негирање од страна на ПР службата. (За ова пушувавме овде) Но, гласините веројатно биле точни и се тврди дека е извесно Слиман да биде заменет со друг дизајнер. Утринава едно име се појави во неколку медиуми како можен наследник на Слиман, тоа е Ентони Вакарело, дизајнер со белгиско-италијанско потекло, препознатлив по рок естетиката и провокативните креации, кој освен за сопствената етикета заедно со Донатела Версаче дизајнира за линијата Versus.
Засега е сигурно дека Слиман на 10 февруари ќе претстави нова колекција на „Сен Лоран“ во Лос Анџелес, еден пред почетокот на Њујоршката модна недела. Тогаш ќе презентира машка колекција и прв дел од женска колекција, а на 7 март на Париската модна недела ќе следи и вториот дел од женската колекција за есен-зима 2016/17. Куќата „Сен Лоран“ сè уште нема објавено официјално соопштение во однос на заминувањето на Слиман. (К.Т.)
Нема коментари