Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да ве известат и да ве поканат на отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар, в четврток, 6 декември 2018 год., во 20 часот, во Мала Станица.
Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат г-ѓа Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија, Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција и г-ѓа Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume.
Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.
Оваа екслузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume, а е поддржана од Зегин и од Охридска банка – Société générale. Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.
Нема коментари