Следејќи го трендот на сламени торби од дизајнерските колекции на Jacquemus и Loewe, свои верзии на овој моден детаљ понудија и хајстрит брендовите. Еден предлог е оваа кружна торба од рафија и со реси од актуелната колекција на „Манго“, која доста потсетува на моделите на дизајнерот Жакемус. Моделот на „Манго“ чини 2.990 денари и одлично се вклопува во летниот стил. Може да се носи во урбана средина и на плажа, и добро се комбинира со летни фустани, ленени парчиња и облека во бела боја.
Нема коментари