Жителите на повеќе скопски населби, како и низа познати угостителски објекти, деновиве вклучија розово светло и станаа дел од акцијата на Avon за поддршка во борбата против рак на дојка. „Засвети розово“ е несебичен чин на солидарност со сите оние чие здравје и живот се загрозени од ракот на дојка.
За време на кампањата „Засвети розово“ со која се одбележа месецот за борба против ракот на дојка општествено одговорната компанија „Авон Македнија“ поставо розов СОС телефон на повеќе локации во Скопје. Телефонот е симболичен приказ на долгогодишната соработка помеѓу „Авон Македонија“ и здружението „Борка“, која вклучува отворање на бесплатни СОС бреви за помош и поддршка на заболените.Розовиот телефон со своето ѕвонење симболично му се обраќа на секој граѓанинкој не смее да заборави дека борбата со ракот ќе биде успешна само доколку болеста е рано дијагностицирана.
Овој симболичен гест за подигнување на свесноста за ракот на дојка беше поттикнат од реалната бесплатна СОС линија 0800 55 777, која „Авон Македонија“ во партнерство со здружението „Борка – за секој нов ден“ ја отвори во 2007 година. СОС линијата е наменета за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и нивните семејства, како и за сите оние кои сакаат да се информираат за рана дијагностика на болеста, рана дијагностика и начини на третман на оваа смртна болест. СОС линијата оперира секој работен ден од 9 до 17.00 часот, а со цел да одговори на потребите на што повеќе жени, „Авон Македонија“ оваа година овозможи линијата да се надгради и да биде достапна и на мобилниот број 075 228 899, и тоа секој ден во неделата од 9 до 21.00 часот. Кампањата ќе трае во тектот на цел месец октомври, а ќе биде проследена со серија активности за активирање на граѓаните, како и иницијативи на социјалните медиум (Facebook Avon Macedonia и Twitter @ZasvetiRozovo). Поддршка на кампањата дава и Stylist.mk со објавување на СОС линијата на страницата, каде што ќе остане во текот на цел октомври.
Нема коментари