Деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава ќе се одвива во чест на британската музичка легенда Дејвид Боуви. Во организација на Македонската филхармонија и на Младинскиот културен центар, на 23 јуни, со почеток во 20 часот во Градскиот парк, оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, ќе изведе некои од неговите најголемите хитови.
Своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска. За вистинските фанови на Боуви бесплатно ќе бидат поделени 20.000 примероци од книгата „Психоделија во предградието“, објавена на почетокот на 2016 година од неговата некогашна љубовница Мери Финиган, која во прво лице зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви.
Нема коментари