Само уште три дена трае конкурсот за пријавување на младите брендови и дизајнери на облека и накит за Skopje Design Week Designers Outlet, што и оваа година е под координација на „Лудус“ и „Капка“. Зголемувањетo на производството на дизајнерски уникати во целиот регион ги поттикна организаторите на фестивалите од вакот тип да понудат платформа за комерцијална презентација на млади брендови, поединци и колективи. Затоа, Skopje Design Week заедно со Јана Ацевска од „Капка“ и Драган Христов од „Лудус“ постави отворен повик за изложување и продажба на мода, накит и други производи поврзани со мода и есетика, до дизајнерите од Балканот, кои би сакале да ги презентираат своите најнови комерцијално колекции. Пријавувањето трае до 1 септември.
По низата успешни поп-ап продажби во Скопје и други градови во земјата, „Лудус“ и „Капка“ повторно ќе организираат дизајнерска продавница, во рамките на Скопската недела на дизајнот (Skopje Design Week ), што ќе се одржи ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија. Учесниците ќе добијат простор за изложување 2 на 2 метра во афтентичниот простор на Куршумли Ан, а котизацијата чини 60 евра. Условите и апликацијата може да ги погледнете и преземете од сајтот на Skopje Design Week.
Продажниот настан ќе претставува простор за презентација на свежи и најсовремени парчиња мода, накит и модни додатоци, но и можност за интеракција помеѓу дизајнерите и публиката. Настанот претставува мешавина од изложбен и продажен простор, каде во исто време ќе се претставува креативноста но и можноста за продажба. Ланската дизајнерска поп-ап продавница помина успешно и со голем интерес на учесниците и посетителите.
Нема коментари