Познатите фризери и шминкери Сретен Костиќ, Александар Билјановски – Дадар и Сергеј Варошлија се дел од жирито што ќе ја избрата жената со најдобар стил во кампања на трговскиот центар Skopje City Mall. Во проектот, организиран по повод Денот на жената, 8-ми Март, Skopje City Mall им овозможува на сите припаднички на понежниот пол, кои сакаат да го претстават својот моден стил во јавноста, да добијат вредни награди. Почнувајќи од 23 февруари, па сè до 2 март, дамите кои сметаат за себе или за своите пријателки дека имаат уникатна модна појава, можат да се пријават за учество за избор на жена со стил, во шоурумот на влезот кај ул.МАНАПО во „Скопје сити мол“. Пријавувањето во работните деновитрае од 17 до 22 часот, а викенди од 13-22 часот.
Кандидатките треба да ги остават своите податоци кај одговорните лица за проектот, да имаат веќе 18 години и притоа да приложат фискална сметка од кој било локал во Skopje City Mall со износ над 500 денари и да очекуваат информација за датумот и терминот за одржување на кастингот. По завршувањето на кастингот, одбраните осум финслистки со највпечатлив имиџ, ќе добијат ваучери кои ќе им послужат да изберат креации со кои потоа ќе се претстават на модниот настан. За оние дами кои ќе имаат храброст да учествуваат на кастингот, исто така ќе бидат обезбедени награди од „Скопје сити мол“.
Нема коментари