Девојките од модниот блог SkopjeCasual.mk денес ја претставија својата прва капсулна колекција. Колекцијата се состои од шест парчиња креирани според идеите на блогерките Александра Христов, Калина Зографска и Ива Дујак, а изработени од страна на тимот на Bastet Noir. Ова е прва колекција комплетно осмислена од блогери на македонскиот пазар, што е само уште еден чекор до позиционирање на блогерите како важна сила во модната сфера. „Колекцијата, како и нашиот блог е лежерна, се погриживме парчињата да се соодветни за носење во најразлични комбинации, од утрински/работни обврски до вечерни излегувања“ велат од Skopje Casual.
Според Skopje Casual, секоја од девојките го дала својот личен печат на колекцијата, па така иако лежерна, можат да се пронајдат нијансите на нивните стилови во секое парче од колекцијата. „Креиравме парчиња кои ние сакаме да ги носиме, а за жал досега не можевме да ги пронајдеме во Македонија. Со поддршка на Bastet Noir успеавме да го задржиме нашиот препознатлив стил, а сепак да донесеме нешто ново на нашиот пазар.“
Колекцијата е веќе достапна за продажба на ASOS market или директно, на сајтот на Bastet Noir.
Нема коментари