Модниот блог за лежерна мода Skopje Casual на 2 март ќе го прослави својот петти роденден со забава во скопскиот локал „Кантина“. Темата на вечерта се ѕвезди, а за добрата забава, која почнува во 21 часот, традиционално ќе се погрижи диџеј Гоце.
- Годинава славиме пет години лежерно Скопје. Бидувајќи бубалици какви што сите знаете дека сме, ги славиме сите петки со лежерно журче во „Кантина“. Ќе направиме мнооогу простор за играње, главен и одговорен за музиката ќе биде super awesome, најдобар на свет- DJ Гоце. Многу сакаме да ве видиме сите, лежерни, насмеани и спремни за гушкање и журкање – велат трите девојќи што стојат зад блогот: Александра Христов, Ива Дујак и Калина Зографска.
Нема коментари