Феноменот на улична мода сме го третирале многу пати, сме објавиле стотици фотографии кои неретко демонстрирале дека уличниот стил е повлијателен од оној од модните писти, но сега се исфилтрира нов профил на ловење улична мода – реален и автентичен стил на вистинските локални ликови. Со популарноста на @parisiensinparis се појавија слични профили во повеќе големи градови, а од неодамна функционира и профилот @skopjanivoskopje. Во описот стои дека профилот „исклучиво случајно фотографира случајни минувачи што не останале незабележани“, а на првите објави гледаме разигран стил уловен во Градски Парк, во Дебар Маало, на Партизанска, пред кафулето „Че“ со Универзална во позадина. Зборувавме со ликот зад профилот кој ја задржува својата анономнст, како и анонимноста на фотогафираните, и вели дека концептот за @skopjanivoskopje не е ништо ново на запад.
View this post on Instagram
-Можеби е само ново и свежо за Скопје. Од самиот старт, искрено се повикувам на оригиналната идеја, т.е. Инстаграм профилот кој за нас, како и за многу други, е изворната инспирација, а тоа е @parisiensinparis. Шармот зад ‘Parisiens in Paris’ е неговата суштина – сосем спонтано и ненаметливо, лично доживување на една парижанка со префинето око.
Токму поради својата искрена и автентична природа, за неверојатно кратко време покрена стотици вљубеници во уличната мода, речиси во ист даден момент (што е исто толку импресивно), да ја стартуваат таа „локална“ приказна во сопствените градови.
Сигурно и девојката зад @parisiensinparis е збунета и изненадена од целиот вирален импулс и сите нови профили (базирани на истиот концепт), кои веќе симптоматично никнуваат секој ден како „печурки“ – ни изјави човекот зад @skopjanivoskopje.
View this post on Instagram
Stylist.mk веќе неколку пати се осврна на сличните Инстаграм профили, пишувавме за Париз, но и за Римјаните во Рим, за Лондончаните во Лондон, како и за уличниот стил во Милано. Како што вели авторот на Скопјани во Скопје, „сепак, секој од овие профили е нова, инспиративна приказна.“ -Секој град е автентичен, како и луѓето во него. Колку и да не се наше секојдневие ‘YSL’ и ‘Gucci’ бунди, чанти и чевли, или пак парижанските ‘arrondissements’, добро знаеме што е актуелно, и што во суштина е добро и квалитетно, од аспект на урбана мода. Имајќи го сево ова предвид, само се препуштив на „бранот“ и го изоштрив „радарот“. Забележувам наоколу малку подобро од вообичаено. Оттаму импулс и возбуда: се осмелив и да го сликам она на кое рандом наидувам, несебично се возхитувам, по кое верувам се вртат глави. Без претензии, @skopjanivoskopje зборува само по себе. На оние кои сакаат да слушаат и гледаат – ни рече личноста зад Скопјани во Скопје. ЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ СТОРИИ ЗА: @parisiensinparis @romans.in.rome @londonersinlondon_ @milanesiamilano
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари