Поранешната манекенка Малин Пeрсон и сега дизајнерка на ентериери, со своето семејство долго време живеела во Рим, но одлучи да се врати во родната Шведска. Таа во Малме пронајде интересна куќа што комплетно ја реновира и ја претвори во дом со елементи на шведски и со детали во боемски стил. При реновирањето Малин оставила делови од оригиналниот изглед на куќата изградена во 1908 година, што дава карактерност на комплетниот изглед. Потоа додала модерни и постари парчиња мебел, со што прави еклектичен микс на винтиџ, модерно и рустикално.
Малин во домот живее заедно со сопругот, Италијанецот Дамијано, и нивните три деца, во амбиент што го нарекува скандинавски dolce vita (скандинавски сладок живот). Резултатот од реновирањето и уредувањето кое траело повеќе од две години, е простран дом, со голема библиотека, удобни гарнитури и фотелји, необични купатила, голема кујна со старински креденец, масивна маса со две клупи наместо столици, и многу простор во кој децата може да играат. Поранешната манекенка вели дека често приредуваат вечери со семејството и пријателите, во трпезаријата покрај масивната маса која може да собере 15 луѓе, или пак на отворено во градината.
Нема коментари