СКАЛА МАГАЗИН – ГЛАС НА НОВАТА СЦЕНА!
Од денеска, во дигиталниот етер, како глас на новата сцена се појавува првата студентска платформа за дизајн и современа уметност – Skala Magazine.
Оваа платформа која е резултат на љубовта помеѓу студентите и менаџментот на Школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите, со поддршка од Институтот за дизајн и технологија (ИДТ Скопје) ќе ги промовира домашните млади креативци, поврзе студентите и независните артисти со организациите и компаниите и ќе ги следи културните настани и сцена.
На наше големо задоволство, Stylist.mk е дел од тимот пријатели на Скала Магазин, каде што ќе се споделуваат нашите содржини поврзани од областа на уметностите, дизајнот и образованието.
Проверете ги првите содржини на https://skala.mk/ и заследете ги на нивните профили на Facebook и Instragram.
Нема коментари